Top Sport

Сензација во најава – Челси го враќа Азар за двојно помалку пари!

Пред 2 години белгискиот фудбалер Еден Азар го напушти Челси затоа што сметаше дека не може повеќе што да постигне со „сините“ од Лондон и се пресели во Реал Мадрид за над 100 милиони евра.

Но оттогаш неговата кариера тргна во надолна насока. Многу повреди го мачеа, и постигна само 5 гола во „кралскиот“ дрес, а за тоа време Челси ја освои шампионската титула во Европа.

Шпанска „Марка“ пренесува вест дека Челси ги контактирале во Реал Мадрид и им предложиле Азар пак да заигра на „Стемфорд Бриџ“. Претпоставките се дека Реал за него ќе бараат двојно помалку од сумата која ја платија за Белгиецот.

Во соблекувалната на европскиот шампион се израдувале на можноста повторно да играат со фудбалерот кој остави голема трага во Челси каде настапуваше цели 7 сезони.

Азар за „сините“ одигра 352 меча и постигна 110 гола.

Scroll to Top