Top Sport

Словенците продолжуваат со победничката низа (видео)

Ракометната репрезентација на Словенија го продолжува фантастичниот препород под водство на новиот селектор Љубомир Врањеш, откако стигна до нова победа, триумфирајќи над Исланд со 30:27 (15:14) и најавувајќи дека се сериозни конкуренти за борба за медали на Европското првенство.

Словенија почна фантастично и во првото полувреме имаше предност од пет гола (7:2), пред Исланѓаните да успеат на полувреме да намалат на 15:14. Исланд израмни на стартот на второто полувреме, пред Словенците повторно да се одвојат на +4 (22:18), предност која не ја пропуштија до крајот на натпреварот.

Деан Бомбач беше фантастичен за „змајчеките“ со 9 постигнати голови, додека по четири уфрлија Благотиншек, Доленц и Мачковшек, а на голот Клемен Фермин имаше 14 одбрани. Бјарки Мар Елисон со шест гола беше најдобар кај Исланд.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2020, 2.ФАЗА

ГРУПА 2

Словенија – Исланд 30:27 (15:14)

Норвешка – Унгарија 18.15 ч.

Португалија – Шведска 20.30 ч.

Табела: 1.Словенија 4, 2.Унгарија 2, 3.Норвешка 2, 4.Шведска 0, 5.Португалија 0, 6.Исланд 0

Scroll to Top