Крис Фрум во четвртокот излегол од болница по хорор-судирот по кој доби повеќе фрактури, откри шефот на Тим Инеос, Дејвид Брејлсфорд пред стартот на Тур де Франс во сабота.
Четирикратниот ТдФ шампион заврши на интензивна нега откако при брзина од 50 км/ч удрил во ѕид при разгледувањето на етапата на трката Критериум ду Дофин на 12 јуни. Не се очекува тој да се врати оваа година откако при падот скрши ребра, лакт, врат и фемурот.
„Тој си замина од болница вчера и сега е дома. Ова е голем чекор за него, бидејќи првпат по подолго време можеше да застане. Фантастично е да се види каков е неговиот дух и покрај оваа ситуација“, вели Брејлсфорд.
Во негово отсуство, актуелниот шампион Герант Томас и Колумбиецот Еган Бернал ќе бидат лидери на Тим Инеос на Тур де Франс, која стартува утре во Брисел со 194.5 километри долга етапа која почнува и завршува во белгиската престолнина.
It’s a huge disappointment not to be at @letour but I’m relieved to finally be out of the hospital and at home on the mend.
Here’s wishing @TeamINEOS all the best for the next three weeks ?
I’ll be following all the action from bed so make it a good one ?? #TDF2019 https://t.co/U4DsOwfr28— Chris Froome (@chrisfroome) July 5, 2019