Третата борба меѓу британскиот тешкаш Тајсон Фјури и Американецот Дионеј Вајлдер за титулата во ВБЦ категорија е презакажана за 9. октомври годинава.
Борбата првично беше планирана за 24 овој месец во Лас Вегас, но беше одложена затоа што Британецот бил позитивен на Ковид 19.
Фјури го победи Вајлдер и стана ВБЦ шампион во февруари 2020 година, 14-месеци по првата нивна пресметка во Лос Анџелес која заврши нерешено.
Нивната трета борба поради пандемијата на коронавирусот неколкупати се одложува. Поради тоа Фјури сакаше да ги вкрсти ракавиците со Ентони Џошуа кој е сопственик на појасите во 3 категории.
Сепак, американскиот суд одлучи дека Британецот ќе мора и по третпат да се соочи со Вајлдер затоа што во договорот стои дека третата нивна борба е задолжителна.
Фјури е непоразен на 31 борба, додека Вајлдер има само еден пораз во 44 меча.