Бадр Хари е еден од четворицата кик-боксери чии допинг тестови биле позитивни. Покрај Хари позитивни допинг тестови имале Младен Бресотвац, Хесди Гергес и Ариел Мачадо.
Бадр Хари е најпознато име во оваа конкуренција. Тој е поранешен светски првак во К-1 и финалист во К-1 во 2008 година, кога остана без титулата поради неспортско однесување против Реми Бонаски. Имаа 60 победи и пет порази во кариерата.
Хари два пати издржувал затворска казна, во 2013 година кога го претепал сопственикот на еден ноќен клуб во Амстердам и 2017 година поради насилничко однесување.
Овој кик-боксер е познат и како голем пријател на Кристијано Роналдо, а добар пријател е и со ѕвездата на Реал Мадрид Лука Модриќ.
Cristiano Ronaldo's kickboxer friend Badr Hari sentenced to two years in jailhttps://t.co/fLi6C0Dyow pic.twitter.com/ogdEbocrpJ
— Mirror Football (@MirrorFootball) February 8, 2017
https://twitter.com/Cr7Fran4ever/status/546362992179556355