Top Sport

Прва драма на Вимблдон – Циципас по четири часа подобар од Тим, следен е Мареј

Во првата вистинска драма на Вимблдон, грчкиот фаворит Стефанос Циципас и поранешниот гренд слем шампион, Доминик Тим одиграа класичен меч од првото коло, пред Циципас да победи по четири часа на теренот со 3:6/7:6(1)/6:2/6:7(5)/7:6(8).

Тешката ждрепка за петтиот носител продолжува бидејќи во второто коло се судира со фаворитот на домашната публика, повеќекратниот гренд слем шампион, Енди Мареј.

Мечот започна вчера и Тим имаше 6:3/3:4 водство кога денеска повторно започнаа. Циципас успеа да го добие тесниот тај-брејк за да израмни, за потоа да доминира во третиот сет и да дојде до 2:1 водство. Но, Австриецот Тим, кој се врати на терените по долгата пауза поради поврда, не беше подготвен да се предаде. Во уште еден трилер-тајбрејк, тој успеа да израмни на 2:2, за во последниот сет, да биде исто толку драматично, пред Циципас, конечно, да победи со 10:8.

Scroll to Top