Австриецот Марко Шварц ја забележа својата прва победа во Светскиот куп во слалом, триумфирајќи на славната швајцарска патека во Аделбоден пред победникот од Сљеме, Германецот Линус Штрасер за да го преземе водството во генерален пласман во дисциплината.
25-годишниот Шварц успеа да извлече 0.14 секунди предност пред Штрасер, додека на последното место на подиумот беше Британецот Дејв Рајдинг со само еден илјадити дел од секундата послабо време од Штрасер.
„Многу кул! Водев и претходно во некои слаломски трки, но никогаш не ми се погодуваше второто возење. Работев брутално во текот на летото на мојата физичка подготвеност и мислам дека тоа е причината за добрата форма. Сонував за слаломска победа цел живот“, вели Шварц, кој претходно имаше две победи во кариерата – на градската трка во Осло и во алпска комбинација во Венген.
"Austria have got it!" ??
What a performance from Marco Schwarz – who clinches slalom victory in Adelboden ⛷#FISAlpine pic.twitter.com/6J5RqknmWk
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) January 10, 2021