Новозеланѓанката Лорел Хабард, првата трансродова личност на која и беше дозволен настап на Олимпијадата имаше неславен крај откако во три обиди не успеа да ја крене тежината во женското натпреварување во кревање товар.
ИОЦ предизвика многу контроверзи кога дозволи 43-годишната Хабард, која во минатото се натпреварувала во машките натпреварувања, да биде дел од Игрите во Токио, но на крајот стравувањата дека таа ќе ги „украде“ медалите се покажаа како неосновани.
Хабард не успеа да крене 120 килограми, а потоа двапати по 125 килограми за крај на натпреварувањето.
„Свесна сум за сите контроверзи околу моето учество и сакам да се заблагодарам на ИОЦ, кои останаа посветени на принципите на олимпиското движење и го направија спортот достапен за сите“, изјави Хабард, која до својата 35. година се натпреваруваше како машко.