Top Sport

Прво ги избркаа навивачите, па Новак закажа 58. пресметка со Рафа

Двајцата најдобри тенисери на денешницата, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ќе се сретнат неверојатен 58. пат, овојпат во полуфиналето на Ролан Гарос, откако Ѓоковиќ го „суреди“ Италијанецот Матео Беретини во четири сета со 6:3/6:2/6:7(5)/7:5 во меч во кој се случи една од најбизарните работи досега во Париз – мечот беше прекинат во четвртиот сет за публиката да биде „избркана“ од трибините поради полицискиот час во Франција.

Ѓоковиќ, во ноќната сесија, започна фантастично – еден брејк во првиот сет и два во вториот беа доволни да се направи огромна предност од 2:0 во сетови, по што Беретини успеа да остане на сервис во третиот сет и да го добие во тај-брејк. Упорноста на Италијанецот продолжи и во четвртиот сет, но Ѓоковиќ ја искористи брејк-шансата во 12. гем за да го комплетира мечот.

Претходно, Надал со 3:1 во сетови беше подобар од Диего Шварцман за да закаже меч со светскиот рекет број 1 во римеч од минатогодишното финале во Париз, кога Надал го збриша Ѓоковиќ во три сета.  Ѓоковиќ се се обиде да стане првиот тенисер во Опен ерата со двоен гренд слем во кариерата, откако победи на Австралија опен, додека Надал ќе оди на рекодна 21. гренд слем титула во кариерата, со што би се одвоил од Роџер Федерер.

Scroll to Top