Кубрат Пулев преку својата официјална Фејсбук страница објави дека ќе боксува за титулите во тешка категорија на Ентони Џошуа во Истанбул во мај.
38-годишниот бугарски боксер постави линк кој потврдува дека мечот ќе се оддржи на „Водафон арената“, домот на фудбалскиот клуб Бешикташ, откако Пулев стана задолжителен предизвикувач за ИБФ титулата на Германецот. Засега, Џошуа не го потврдува мечот.
Џошуа и Пулев требаше да боксуваат на „Принсипалити“ во Кардиф во октомври 2017 година, но „Кобрата“ Пулев се повлече поради повреда и беше заменет со Карлос Такам. Пулев има само еден пораз во кариерата, дуелот за светската титула со Владимир Кличко во Хамбургво 2014 година.