Рафаел Надал на шега посочи дека Роџер Федерер избегнува да се сретне со него на земјена подлога, иако многу тениски фанови сметаат дека ова е чиста вистина.
Надал се враќа во акција на АТП турнејата на Мастерсот во Монте Карло оваа недела, но неговиот стар ривал, Федерер, втора година едноподруго ќе ја пропушти целата европска сезона на земја и покрај тоа што претходно најавуваше дека сигурно ќе игра.
„Тој вели дека би сакал да игра повторно против мене во пет сета на земја. Тоа го кажа пред неколку дена и мислев дека ќе игра на Ролан Гарос. Само неколку дена подоцна најави дека ќе прескокне сè и направи мала контроверза“, вели Надал.
Шпанецот е апсолутен фаворит да стигне до 11. титула во Монте Карло и вели дека се чувствува фантастично.
„Добро сум. Тренирам добро и играм со вистински интензитет“, објаснува Шпанецот.
Фото: ЕПА