Рафаел Надал во маратонски меч со 6:7(4)/6:4/7:5 успеа да го победи младиот Грк Стефанос Циципас во неговиот последен меч по групи на АТП финалето во Лондон, но тој триумф не му гарантира место во полуфиналето.
33-годишниот Надал официјално ќе се врати на првото место на АТП листата во понеделник откако Новак Ѓоковиќ беше елиминиран од турнирот, но поразот од Александер Зверев во првото коло значи дека неговото место во полуфиналето не е гарантирано.
Доколку Зверев вечерва го победи Данил Медведев, тогаш тој сигурно е во полуфиналето заедно со Циципас, додека Русинот сега официјално е елиминиран. Исто така доколку Медведев победи, Надал би бил прв во групата и би се судрил со Роџер Федерер во полуфиналето.
Против Циципас, Надал не успеа да направи брејк во првиот сет, губејќи го во тај-брејк со 7:4, меѓутоа потоа во вториот и третиот сет, еден брејк му беше доволен за да ја запечати победата по 2 часа и 54 минути игра.
One spot remains in the #NittoATPFinals semis ?
Who will be joining Tsitsipas in the final four? pic.twitter.com/C93ApFC5eQ
— ATP Tour (@atptour) November 15, 2019