Францис Роиг, еден од тренерите на Рафаел Надал, вели дека неговиот ученик години наназад трпи големи болки во колената кога игра на тревната подлога.
„Кога се игра на трева топчето е „потешко“ и морате многу да работите со нозете. Тоа е многу важно. Тоа му создава проблеми на Рафа. На крајот и тој е само човек, иако многумина мислат дека болкие во колената не можат да бидат толку негативен фантор. Со години трипи големи болки кога игра на оваа подлога“, рекол Роиг.
Надал неодамна на Ролан Гарос ја освои 11.титула, вкупно 17. на гренд слем турнирите во кариерата. По титулата во Париз, тој беше поразен во полу-финалето на Вимблдон од Новак Ѓоковиќ.
„Со „лоши“ колена немате шанса на трева. Колку и да се обидувате, тоа е невозможно бидејќи таа подлога не е стабилна. А кога не сте стабилни не можете да играте на највисоко ниво. На Вимблдон е потрбно токму во тој дел да го извлечете максимумот. Поради тоа и велам, доколку колената не се на 100 отсто тогаш немате премногу шанси“, дополнил Роиг.
Тенискиот свет знае дека колената се најголемиот проблем на Надал, најмногу поради неговиот агресивен стил на игра.