Top Sport

Рафаел Надал го објави името на новиот тренер

Рафаел Надал беше принуден да направи промени во својот тренерски тим откако долгогодишниот ментор Френсис Роиг го напушти неговиот стручен штаб. Рекордерот со 22 титули од гренслем турнирите му даде доверба на Аргентинецот Густаво Маркачо, кој треба да работи со водечкиот тренер Карлос Моја и со Марк Лопез, пренесе агенцијата ДПА.

Надал објави дека Роиг го напушта тимот откако двајцата соработуваа од 2005 година. Маркачо ја прифати поканата да се приклучи на тимот, а 45-годишниот стратег работеше во академијата на тенисерот во Мајорка во изминатите 20 месеци.

Scroll to Top