Top Sport

Синот на Марадона: Никој не го заслужува пехарот повеќе од Меси!

Диего Марадона Јуниор, синот на легендарниот Диего Марадона, е исклучително среќен откако Аргентина го освои Светското првенство во Катар. Фудбалерите предводени од Лионел Скалони ја совладаа Франција во финалето на Светското првенство во Катар со 4:2 по пенали (3:3 по продолженија, 2-2 во регуларен тек).

„Аргентина е светски шампион. Честитки за тебе, Лео Меси, затоа што никој не го заслужува овој пехар повеќе од тебе! Честитки за нашиот народ, за нашата земја! Татко ми слави со нас во рајот. Немаш поим колку сакам да те гушнам“, напиша Диего Марадона Јуниор на своите социјални мрежи.

Синот на Марадона е роден на 20 септември 1986 година, неколку месеци откако Аргентина ја освои претходната титула на Светското првенство во Мексико.

Меси беше прогласен за најдобар играч на Светското првенство 2022 година во Катар. На турнирот одигра седум натпревари, постигнувајќи седум гола и три асистенции.

Репрезентацијата на Аргентина по третпат го освои Светското првенство. „Гаучосите“ досега имаа две титули во 1978 и во 1986 година.

Scroll to Top