Ракавица на бејзбол иконата, Бејб Рут, на аукција, организирана од„Луисвил Слугер“ е продадена за рекордни 1,53 милиони долари, јавуваат американските медиуми.
Легендарниот Рут, лично му ја подарил ракавицата на Џими Остин, играч на Сент Луис Браунс.
Претходниот рекорд за бејзбол ракавица од 387.000 долари беше поставен во 1999 година. Во 2013 година, за речиси иста цена беше продадена ракавицата за која се верува дека ја користел Џеки Робинсон за време на натпреварите од Светската серија во 1955 и 1956 година.
Ракавицата на Рут, со која падна рекордот била произведена од „Спалдинг“ и се верува дека играчот на Њујорк Јенкис ја користел од 1927 до 1933 година.
„Ракавицата седеше во кутија во последните 30 години и тогаш дознавме за нејзината историја“, вели Сузан Колокоф, внуката на Џими Остин.
Бејб Рут е една од најголемите фигури во американскиот професионален спорт, а се натпреваруваше во МЛБ од 1914 до 1935 година. Многумина го сметаат за најдобриот бејзбол играч на сите времиња.
On Saturday, Babe Ruth's glove was sold at an auction for $1.53 million 🤯
(via @HuntAuctions) pic.twitter.com/l580TMdysn
— FOX Sports: MLB (@MLBONFOX) November 13, 2022