Прославениот хрватски ватерполо тренер Ратко Рудиќ на 72 годишна возраст решил да стави крај на неверојатната кариера.
Од почетокот на кариерата како селектор на јуниорската репрезентација на Југославија, Рудиќ освоил 31 медал на големите натпреварувања, 14 од нив со златен сјај.
Ратко Рудиќ е единствениот тренер кој со три различни репрезентации, Југославија, Италија, Хрватска, бил светски и олимписки шампион. Во кариерата го тренирал и најголемиот клуб во светот Про Реко, а бил селектор на Бразил и САД.
„Најдраги медали или успеси не се оние на кои ги освојував првите места. Најдраги ми се првите медали кои ги освоив со јуниорските селекции на Југославија, а тоа беа сребрените медали на Европското и Светското првенство во првата половина на 80 години од минатиот век. Тогаш ја започнував кариерата и тоа беа моите први медали како тренер и први медали за младите југословенски селекции. Иако губевме во финалињата тие играчи стекнаа победнички менталитет, потоа во 1984 година станавме олимписки шампиони. Од тие јуниори многу станаа врвни спортисти Милановиќ, Букиќ, Вичевиќ, Шименц, Безмалиновиќ, Духовиќ…“, рекол Рудиќ.
Рудиќ во пензија замина како тренер на Про Реко.