Германката Викторија Ребензбург е победничка на првата супер-џи трка од новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање, откако имаше фуриозно возење на патеката во Лејк Луис.
Ребензбург стартуваше како седма на стартот и мораше да чека додека другите фаворитки ја поминаа патеката, а најблиску до неа беше Италијанката Никол Делаго, која со стартен број 31. заостануваше само 0.35 секунди на последната мерна точка, за да се задоволи со второто место. Последното место на подиумот отиде кај Швајцарката Корин Зутер, по што следуваа три Австријки – Штефани Фениер, Мирјам Пухнер и Тамара Типлер.
Минатогодишната победничка, Американката Микаела Шифрин овојпат немаше шанси и загуби многу време во средината на трката и заврши на 10. место.
Светскиот куп се враќа во Европа, каде што следниот викенд се возат брзинските трки во Сент Мориц, Швајцарија.
What a run from @V_Rebensburg!
Vicky is victorious in the first Super-G race of the season in Lake Louise ?? pic.twitter.com/LtMeMPj0rX
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) December 8, 2019