Top Sport

Рекорд во одбојкарски услови – и нудат договор од 6 милиони евра

Италијанска „Gazeta delo Sport“ пишува дека женскиот одбојкарски клуб Фенербахче и нуди на една од најдобрите одбојкарки во светот „фараонски“ договор, Италијанската Паола Едону доколку прејде во редовите на турскиот клуб ќе добие 6 милиони евра за 4 години. Тоа сигурно би бил најголемиот договор во светот на женската одбојка.

Егону која моментно настапува за италијански Конељано (актуелен шампион во Европа) има неверојатна низа од 76 победи во сите натпреварувања, а таа има голема заслуга за ваквиот резултат.

Италијанката овој месец ќе наполни 23 години, а досега ја „бркаа“ неки од најбогатите европски клубови.

Кога минатата сезона актуелниот договор и бил при крај, од Фенербахче се обиделе да ја „украдат“ со сума од околу 1 милион евра. Сепак, таа останала во клубот уште една сезона.

Егону има можност да стане најплатената одбојкарка во историјата на овој спорт затоа што постојат само неколку натпреварувачки со договори од околу 1 милион евра. Никој до сега не понудил ниту приближна сума како онаа од Фенербахче.

Scroll to Top