Top Sport

Резцова: Абортус во замена за двособен стан во Москва и олимписко злато

Руската скијачка и биатлон легенда, Анфиса Резцова открива дека советските власти ја натерале да оди на абортус пред Олимпијадата во Калгари во 1988 година, за да може да освои медал на Игрите.

Резцова, која е првата спортистка во историјата со олимписко злато во нордиското скијање и во биатлонот, вели дека тренерите ја убедувале дека олимписката слава е многу поважна од бременоста, бидејќи на Советскиот Сојуз му требале златни медали.

„Во јуни 1987 година бевме на тренинг-камп во Естонија, и јас и мојата колешка Елена Вјалбе бевме бремени. Тренерот Николај Лопухов ме прати во Тарту со велосипед. Лекарите ја потврдија бременоста, и на Лена и дозволија да има бебе бидејќи беше помлада. Ме пратија во Москва со порака: ‘Таа е бремена, но ни требаат медали’. Така кажаа тренерите“, открива 55-годишната Резцова.

Трикратната олимписка шампионка вели дека се согласила на абортус во замена за двособен стан во регионот на Москва, кој го добила. Таа освои две злата во Калгари во 1988, вклучувајќи го толку посакуваното злато во женската штафета, а подоцна имаше четири ќерки, од кои еднатаа, Дарја Виролаинен е членка на рускиот биатлонски тим.

Scroll to Top