Top Sport

РГ: Серена сигурна, Завацка загуби откако снема рекети!

Серена Вилијамс го помина првото коло на Ролан Гарос, враќајќи се од спориот старт за 7:6(5)/6:0 победа над американската сонародничка, Кристин Ен, додека најбизарниот пораз го имаше младата Украинка, Катарина Завацка, која загуби откако немаше веќе прикладни рекети за игра.

Серена, која на САД опен не успеа да стигне до рекордниот 24. гренд слем трофеј, ќе има нова шанса да го стигне достигнувањето на Маргарет Корт во Париз. Таа губеше од 109-рангираната Ен откако во маратонскиот трет гем поведе со 2:1, но потоа се врати во игра и со два брејка го освои првиот сет по час и 14 минути игра. Серена во вториот сет експресно за помалку од половина час го комплетираше триумфот. Следна за Серена е Бугарката Цветана Пиронкова, која ја совлада и на САД опен.

20-годишната Завацка пак го освои првиот сет против петтата носителка, Холанѓанката Кики Бертенс со 6:2, по што навистина немаше среќа со својата опрема. Бертенс се врати во вториот сет да го добие со идентични 6:2, пред во третиот сет, Завацка да мора да користи непознат рекет откако и се скинаа сите жици на своите рекети. Завацка, која обично користи „Јонекс“ рекети, потоа го доби рекетот на нејзиниот тренер од типот „Баболат“ и го загуби сетот со 6:0.

Scroll to Top