Шампионката од Вимблдон, Елена Рибакина го освои ВТА 1000 турнирот во Индијан Велс, Калифорнија, откако го преживеа првиот луд сет во тај-брејк, за на крајот со 7:6(11)/6:4 да биде подобра од шампионката од Австралија опен, Белорусинката Арина Сабаленка.
За Казахстанката (инаку родена московјанка) ова е прва ВТА 1000 титула во кариерата и доаѓа како слатка одмазда против Сабаленка, која ја совлада во финалето на Австралија опен.
Сабаленка прва направи брејк во првиот сет, поведувајќи со 3:2, меѓутоа Рибакина се врати да израмни на 4:4, за потоа во драматичниот трај-брејк да победи со 13:11 и да го освои првиот сет по маратонски час и 20 минути игра. Во вториот сет, Рибакина веднаш направи брејк за да дојде во предност, и да го комплетира мечот за нешто повеќе од два часа.