Тенискиот Мастерс турнир во Калифорнија, популарниот Индијан Велс стартува идната недела, но тој ќе биде поразличен од претходните. Организаторите решија да воведат превентивни мерки поради коронавирусот.
Момчињата и девојчињата кои ги собираат топчињата ќе мораат да носат ракавици и годинава нема да смеат да им ги подаваат пешкирите на тенисерите. Секој тенисер сам ќе мора да го носи пешкирот и да го стави на столче во близина на теренот.
Средбите на навивачите и играчите ќе бидат ограничени, односно сведени на минимум. Тоа пред се се однесува на оние кои сакаат да добијат автограм од Надал, Ѓоковиќ и остнатите ѕвезди.
Местата на кои ќе се движи публиката секојдневно ќе биде дезинфицирана.
На тенискиот комплекс веќе се инсталирани 250 станици со раствори за суво миење на рацете.