Top Sport

Ријана главна ѕвезда на „Супер Боул“

Мега ѕвездата, Ријана, ќе биде главниот актер на познатото „Halftime Show“ на овосезонското издание на „Супер Боул“, што ќе се одржи во февруари 2023 година во Глендејл на стадионот на Аризона Кардиналс.

Музичката икона, која има 34 години, на својот „Инстаграм“ профил објави слика од фудбалска топка со која потврди дека учествува на најгледаниот спортски настан во светот.

Во 2019 година, Ријана одби да учествува во шоуто на „Супер Боул“ во знак на солидарност со Колин Кеперник.

„Воодушевени сме што Ријана ќе биде дел од најголемиот настан. Таа е уметник кој се појавува еднаш во сто години. Очекуваме да имаме шоу кое долго ќе се памети“, изјави Сет Дудовски, главен оперативен директор за музика во НФЛ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

Scroll to Top