Top Sport

Родик ја откри тајната за позитивен скор против Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ имаше фуриозен старт на 2020, победувајќи во 18 меча во низа за да го крене трофејот од Дубаи шампионатот во саботата, и ретки се тенисерите кои можат да се пофалат со позитивен скор против светскиот број 1, а еден од нив е Енди Родик.

Тој беше запрашан на Твитер кој е рецептот, и даде јасен одговор.

„Ќе ви кажам. Пензионирајте се пред да морате да играте повторно со него“, напиша Родик.

Родик има 5-4 скор против Ѓоковиќ, победувајќи во последниот меѓусебен меч на Олимпијадата во Лондон во 2008. Тие имаа 4-4 скор на хардкорт подлога, а Родик имаше 1-0 на трева. 37-годишниот Американец е поранешен светски број 1 и освојувач на САД опен во 2003, а играше уште во четири гренд слем финалиња.

И други тенисери имаат позитивен скор против Ѓоковиќ: Иво Карловиќ (2-1), Фернандо Гонзалез (2-1), Филипо Воландри (1-0), Јиржи Весели (1-0), Таро Даниел (1-0), Филип Крајиновиќ (1-0), Антони Дупуа (1-0), Денис ван Шепинген (1-0), Ник Кирјос (2-0) и Марат Сафин (2-0). Од овие, Кирјос, Крајиновиќ, Карловиќ, Весели и Даниел се уште активни тенисери.

Scroll to Top