Top Sport

Родителите на Зверев контра Шарипова: Таа секогаш беше девојка за забави

Александер Зверев Сениор и Ирина Зверева, родителите на германската тениска ѕвезда Саша Зверев (и самите поранешни тенисери) влегоа во одбрана на својот син по обвинувањата на неговата поранешна девојка Олга Шарипова за физичко и ментално малтретирање.

Шарипова во интервју за руските медиуми го обвини Зверев дека неколку пати физички ја нападнал, а покрај тоа постојано ментално ја вознемирувал со закани и омаловажувања. Тој постојано ги отфрлаше обвинувањата, а сега се вклучија и неговите родители.

„Очигледно, секоја мајка го сака најдоброто за своето дете. Кога првпат се сретнав со Олга и ги објаснив работите како ги правиме во нашето семејство, но нејзе и беше тешко да го прифати тоа. Постојано ми изгледаше како немирна и небалансирана девојка“, вели Ирина Зверева.

Александер Зверев се согласува

„Беше јасно дека таа имаше животен стил многу различен од тој на Саша, кој секогаш бил дисциплиниран. Таа беше девојка за забави. Се сеќавам дека два месеци откако раскинаа, таа прва му се јави и му кажа да и даде нова шанса“, вели постариот Зверев.

Зверев со нов демант за малтретирањето на Оља Шарипова

Scroll to Top