Роџер Федерер се соочува со прашањата околу неговото повлекување од тенисот веќе неколку години и очигледно на Швајцарецот му е доста од такви прашања. При турнејата на двете Америки за низа егзибициски мечеви и гостувањето на американското ТВ-шоу „Тудеј“ тој беше јасен.
„Цела мината недела ме прашуваа како ќе биде мојата пензија, кога ќе дојде мојата пензија. Мојата мајка сака да играм колку што е можно подолго и тоа е мојата цел. Кога одам на вакви мечеви луѓето сакаат да ме прашуваат како ќе биде подоцна, и кога ќе излезам од тенисот, но верувајте, не е така. Никогаш нема да се пензионирам!“, се насмеа Федерер.
Сепак, тој мораше да одговори на потпрашањето каков ќе му биде животот во пензија.
„Ја сакам Швајцарија, моите десерти и паузите. Почнав да планирам каде ќе одиме на одмор и така ќе биде за неколку дена, со моето семејство на плажа. Знам како ќе биде бидејќи кога паузирав поради повредата на коленото во 2016 и бев на рехабилитација осум месеци, дознав кои се предностите. Убаво е да се руча со пријателите, да си поминеш добро со семејството“, додава Федерер.
Watch @rogerfederer‘s full interview with @savannahguthrie about his new fashion venture, retirement rumors, his family and more! pic.twitter.com/TanlURpWhc
— TODAY (@TODAYshow) November 25, 2019