Марте Олсбу Ројселанд доминираше на трката на 7,5 километри во бијатлон. Норвежанката стекна голема предност во однос на конкурентките за трката во потера, на 10 километри, која на програмата е во недела. Водечката во Светскиот куп, го освои првиот индивидуален златен медал во Пекинг.
Ројселанд беше беспрекорна на стрелиштото, тоа во комбинација со одличното трчање и донсе резултат 20:44,3 минути и предност од 30,9 секунди пред Швеѓанката, Елвира Оберг.
Бронзата и припадна на Доротеа Вирер од Италија. Таа задоцни 37,2 секунди зад Ројселанд.
Потерата на 10 километри, во недела ќе започне во 10 часот по средно-европско време.