Организаторите на Ролан Гарос потврдија дека на овогодишниот гренд слем ќе има ограничен број на гледачи, до 20.000 дневно, откако терените ќе бидат поделени во три посебни секции.
На двата големи стадиони на Францускиот опен ќе биде дозволено да дојдат до 5.000 гледачи, додека и на теренот Симнон Матју ќе може да има дополнителни 1.500 гледачи. Тие кои ќе бидат присутни нема да можат да се движат меѓу трите секции.
„Ролан Гарос ќе биде првиот турнир кој ќе има привилегија да привлече гледачи“, изјави претседателот на Француската тениска федерација (ФФТ), Бернар Жудикели.
Оваа одлука доаѓа само три дена откако Франција имаше рекордни 8.695 позитивни случаи во еден ден. Турнирот започнува на 21 септември, а претходно ќе има една недела квалификации за разлика од САД опен, каде што квалификациите беа откажани.