Роланд Гарос ќе се игра во септември со публика на трибините открил првиот човек на Тенискиот сојуз на Франција Бернар Гудичели. Во интервју за „Твитер“ налогот на Сојузот тој рекол дека реален термин за одржување на Ролан Гарос е од 20 септември до 4 октомври.
„Го избегнавме најлошото, не го откажавме турнирот. Сега ќе имаме доцнење од неколку месеци, но успеавме да го спасиме најголемиот турнир на земјана подлога. Сега одиме на вториот чекор во организацијата, враќањето на публиката. Трибините нема да бидат полни, но нема да бидат ниту празни“, открил Гудучели.
Трофеите освоени минатата сезона ќе ги бранат Рафаел Надал во машка и Ешли Барти во женска конкуренција.