Top Sport

Рони О’Саливен сензационално елиминиран на Светското првенство во Шефилд

Седумкратниот светски шампион Рони О’Саливен сензационално испадна во четвртфиналето на Светското првенство во снукер, откако загуби со 10:13 од Белгиецот Лука Бресел.

„Ракетата“, како што нарекуваат О’Саливен, ја бранеше титулата од минатата година, имаше солидно водство од 10:6 во последната сесија, но беше надигран од Бресел, кој ја имаше сесијата на својот живот.

О’Саливен придонесе за неговиот пад со многу промашувања и постигнувања под 80 поени, но Бресел, кој беше без победа во „Крусибл“ пред почетокот на турнирот, играше без грешка. Така, О’Саливен ќе мора да почека најмалку уште една година за да го достигне рекордот на Стивен Хендри.

Бресел е веќе во полуфиналето каде ќе се сретне со Шкотланѓанецот Ентони Мекгил или со Кинезот Кси Џиангхуа.

Scroll to Top