Американскиот новинар Бен Ротенберг го критикувал Новак Ѓоковиќ и неговата идеја за распределба на пари на послабо рангираните тенисери додека трае пандемијата на вирусот Ковид-19.
Најдобрите светски тенисери во фондот за помош донирале по 30.000 долари.
„Планот на Ѓоковиќ беше да донира 30.000 долари. Но тој во кариерата заработил повеќе од 100 милиони. Сумата што ја донира е пола од парите што би го добил доколку испадне во првото коло на Австралија опен“, рекол Ротенберг и продолжил.
„Наместо тоа тој го освои Австралија опен и освои три милиони, а сега сака да донира само 30.000. Тоа е многу слабо за најдобрите светски тенисери. Системот на донации би требало да биде подобар“, заклучил американскиот новинар.
Ротенберг е новинар на „Њујорк Тајмс“ и е еден од најголемите критичари на српскиот тенисер.