Меѓународната велосипедска унија (УЦИ) соопшти дека двајца натпреварувачи се дисквалификувани од Тур д’Франс. Во текот на 17 етапа „близок контакт“ имале Лук Рив од екипата Инеос и Тони Мартин од екипата Јумбо-Висма, поради што организаторите решиле да ги дисквалификуваат.
Елиминацијата на овие двајца е голем удар за нивните тимови чии возачи Грејант Томас односно Крујсвејк се наоѓаат на второто и третото место во генералниот пласман. На овие возачи ќе им биде потребна голема помош од тимските колеги во пресрет на трите последни етапи што се возат на Алпите.
Мартин и Ров се туркале во завршницата на 17 етапа. Ров рекол дека се бореле за позиција и дополнил дека се ракувал со Мартин откако етапа завршила. Слично мислење имал и Мартин.