Top Sport

Во сообраќајна несреќа во БиХ загина ракометар на Чапљина!

Иван Бркиќ, 28-годишниот ракометар на босанскохерцеговскиот клуб Чапљина, загинал во сообраќајна несреќа во саботата навечер, потврдија од клубот.

Трагичниот случај се случил во 1.30 часот наутро, по што тој веднаш бил пренесен во клиниката во Мостар, каде што лекарите не успеале да го спасат неговиот живот.

„Со неверојатна тага, ракометната академија Чапљина изразува сочувство до трагично починатиот голем човек, Иван Бркиќ“, велат од Чапљина.

Scroll to Top