Top Sport

Русија ги затвори границите, ништо од Хабиб-Фергусон?

Шансите да се оддржи мега-мечот во УФЦ помеѓу шампионот Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон станаа минимални, откако Русија реши да ги затвори своите граници, што значи дека Дагестанецот ќе биде „заглавен“ дома.

Руската влада во саботата објави дека сите патувања во и надвор од државата ќе бидат ограничени од понеделник во обид да се спречи ширењето на КОВИД-19 вирусот. Државата објави дека мерката е привремена, но не даде краен термин за ограничувањето. Русија од петокот ги забрани сите интернационални летови, освен за Русите кои се враќаат дома.

Нурмагомедов се врати во Русија неодамна од САД и сега го „отслужува“ 14-дневниот карантин, откако неговиот тренинг-центар во Сан Хозе, САД беше затворен поради вирусот. Доколку тој не успеал да излезе од земјата, што е малку веројатно, речиси е невозможно тој да биде подготвен за меч на 18 април, како што инсистира шефот на УФЦ, Дејна Вајт.

Вајт постојано тврдеше дека дуелот кој требаше да се оддржи во Њујорк е 99% сигурен и дека најверојатно ќе се оддржи без публика во приватниот објект на УФЦ во Лас Вегас.

Scroll to Top