Top Sport

Русија го освои златото во гимнастика, херојот е Нагорни

Репрезентација на Русија го освои златниот медал во екипна конкуренција, во спортска гимнастика на Олимписките игри. Во драматична завршница, победникот не се знаеше до последниот натпреварувач, на крајот Русите ја победија Јапонија.

Русија златниот медал го освои со вкупно 262.500 поени. Златниот медал им го донесе еден од најдобрите светски гимнастичари, Никита Нагорни. Во последната вежба на партер тој доби оцена 14.666.

Русите во сосотав Нагорни, Аблиазин, Бељавски и Далалојан, имаа само 0,103 поени повеќе од Јапонците Хашимото, Китазоно, Каја и Танигава.

За драмата да биде целосна се погрижија Кинезите: Ли, Сан, Сијао и Жу, кои имаа само 0,500 поени помалку од Русија.

Scroll to Top