Top Sport

Поп ѕвездата Пинк се понуди да им ја плати казната на Норвежанките

Поп ѕвездата Пинк, се понуди да ја плати казната која Европската ракометна федерација (ЕХФ) им ја одреди на репрезентативките на Норвешка во одбојка на песок. Бидејќи не го носеа долниот дел од бикинито, туку излегоа со куси хеланки, секоја од нив ќе треба да плати по 1.500 евра.

„Со здадоволство ќе ја платам вашата казна“, напишала Пинк на Твитер.

„Се гордеам со Норвежанките, кои протестираа поради сексистичките правила, во врска со нивната облека. ЕХФ треба да бидат казнети поради сексизам. Дами браво за вас. Среќна сум што ќе ја платам вашата казна“.

Одлуката на ЕХФ, претходно остро ја осудија министерот за спорт на Норвешка, Абид Раја и Ракометниот сојуз.

Scroll to Top