Top Sport

Русинката која го нокаутираше блогерот од 240 кила доби договор со Белатор

Русинката Дарина Мадзјук, која стана атракција на Интернет минатиот месец откако го нокаутираше блогерот од 240 килограми, Григориј Чистјаков на езгибициски меч во Москва, доби богат договор за повеќе меча со ММА промотерската куќа Белатор.

Мадзјук победи во еден од најчудните ММА мечеви со технички нокаут за само 90 секунди, откако го прати Чистјаков на подот и потоа го нападна со низа удари, предизвикувајќи предавање. Мечот стана хит на социјалните мрежи и Белатор го искористи ова.

„Од денеска јас сум ММА фајтер во Белатор во мува категорија“, објави Мадзјук на Инстаграм, потврдувајќи дека е во категоријата каде што шеф е поранешниот УФЦ шампион, Крис Сајборг.

ММА бизарности – девојка здроби противник од 240 кила!

Scroll to Top