Рускиот квартет Јулија Ступак, Наталија Непрјаева, Татјана Сорина и Вероника Степанова доминираа на штафетната трка 4х5 километри во нордиско скијање за да го освојат златниот медал на Олимпијадата во Пекинг.
Степанова во последната промена избега пред Германката Софи Крел за да победат со фантастична предност од 18.2 секунди, додека Германките изнеадувачки останаа со среброто. Во драматичен финиш, Јона Сундлинг им донесе бронза на Швеѓанките откако за влакно беше пред Финката Криста Пармакоски.
Ова е прво злато во оваа дисциплина за Русија по 16 години.
ROC are the #CrossCountrySkiing – women's 4×5 km relay #Gold medal winners! Their first women's cross-country skiing gold at #Beijing2022!#StrongerTogether
— Olympics (@Olympics) February 12, 2022