Русија и Финска ќе играат за олимпиското злато во хокеј, откако Русите во драматична пенал-завршница беа подобри од Швеѓаните.
Русите дојдоа во водство на почетокот на втората третина преку Антон Слепишев, пред Швеѓаните да се вратат во игра во последната третина со голот на Антон Ландер. По 10 дополнителни минути немаше голови, по што имаше дури осум серии во пенал-завршницата, пред Русите да победат со 4:3 со голот на Арсениј Грицјук.
Финска, која претходно ја совлада Словачка, ќе игра за своето прво олимписко злато во историјата, додека Русите одат на осмо злато со кое би се доближиле до апсолутите рекордери Канада со 9, и би го освоиле вториот златен медал од доминацијата на Советскиот Сојуз во 1980-тите. Оваа Олимпијада, да потсетиме, се игра без НХЛ играчите, односно најдобрите хокеари на светот.