Русите се уште не ги добија златните медали во екипна конкуренција, на Зимските олимписките игри во Пекинг. Доделувањето на медалите било одложено поради „правно советување“, објави Меѓународниот олимписки одбор (МОО).
Други информации, зошто е одложена свечената церемонија од МОО не објавија. Претпладнево, рускиот тим, меѓу кои е и сензационалната Камила Валиева, не се појави на тренингот, што дополнително го привлече вниманието на јавноста.
Инаку, церемонијата на доделувањето на медалите била одложена поради еден проблематичен допинг-тест, на руски репрезентативец кој бил направен пред тој да допатува во Пекинг.
Во тимскиот натпревар Русија во состав: Камила Валиева, Марк Кондратјук, Анастасија Мишина, Александар Галиамов, Викторија Синицина и Никита Кацалапов, забележа победа пред САД и Јапонија.