Русија како да е бесконечен извор на бизарни, брутални и необични спортови. Откако своја Интернет слава направија натпреварувањата во удирање шамари, сега од „Мајка Русија“ доаѓа и луда комбинација на туркање со рака и бокс.
Натпреварувачите во овој неверојатен спорт не само што се туркаат со една рака (која им е врзана), туку другата рака ја имаат во боксерска ракавица и се обидуваат да се нокаутираат. И покрај тоа што натпреварувачите се многу блиску еден до друг, нокаутот според снимките изгледа многу тежок за остварување. Натпреварувачите имаат право да носат заштитна кацига, но не се обврзани.
Овој спорт беше измислен на сибирскиот „Пауер шоу“ во 2020 во Краснојарск, истото место од каде потекна и шампионатот во удирање шамари.
Рускиот шампион во шамарање VS бразилскиот ѕвер Зулузињо во затворска „пресметка“ (видео)