Руската женска хокеарска лига (ВХЛ) повторно го објави својот календар за новата година, на кој повторно се хокеарките во возбудливи и разголени фотографии.
Овојпат темата на календарот се четирите годишни времиња, со цвеќиња и овошје на местото на облеката.
„Дванаесет хокеарки кои претставуваат седум ВХЛ тимови покажаа дека покрај цврстите хокеарски квалитети, секоја хокеарка има и нежност, искреност и деликатност“, напишаа од ВХЛ.
Голманката на клубот Агидел, Ана Пругова, на пример е на тепих направен од рози, налик на постерот на славниот филм „Американска убавина“. Хокеарката на Торнадо, Нина Пирогова е фотографирана со јаболко и сончогледи, додека играчот на СКСО, Александра Воврушко ја симболизира есента со жолти лисја.