Русинот Кирил Терешин, попознат како „Руки базуки“, човекот кој сакаше да направи ММА кариера со своите ненормално големи мускули, реши да направи операција за да ги острани вештачките мускули, кои според лекарите, можеле да предизвикаат и смрт.
„Втора операција на трицепсот на десната рака беше успешна. Благодарност до хирургот Дмитриј Мелников, кој се реши на оваа опасна операција и ми го спаси животот од овој отров“, напиша Терешин.
Терешин стана атракција во Русија со своите неверојатно големи раце, откако сам си инјектирал супстанција слична на вазелин, а во 2019 година, дебитираше во ММА борбите против блогерот Олег Монгол, губејќи со предавање.
Може ли да биде побизарно? Рускиот фајтер „руки базуки“ загуби од блогерот Монгол (видео)