Top Sport

Руското чудо од дете реди победи на Вимблдон

Младата Русинка Мира Андреева (16) продолжува да победува на третиот Грен слем тениски турнир во сезоната, Вимблдон.

Руското тениско чудо, на својот прв сениорски турнир на трева, во 3. коло ја победи својата сонародничка и 22. носителка Анастасија Потапова со 6:2, 7:5 и се пласираше во осминафиналето. Андреева, која мораше да игра во квалификациите, го одигра шестиот меч на турнирот.

Младата Русинка, која моментално е 102. рангирана во светот, привлече внимание кога стигна до третото коло на својот прв Грен слем на Ролан Гарос, а сега отиде чекор понатаму.

Андреева во наредната рунда ќе игра против 25. носителка Американката Медисон Кис.

Покрај Андреева 3.коло во минаа Водрусова и Пегула.

Scroll to Top