Top Sport

Сабаленка и Гарсија во финалето на завршниот Мастерс

Арина Сабаленка и Каролин Гарсија ќе се борат за титулата на завршниот Мастерс во женска конкуренција. Сабаленка ја победи Ига Швјонтек, а Гарсија беше подобра од Марија Сакари.

Сабаленка прв пат во кариерата ја совлада Швионтек. Тенисерката од Белорусија победи со со 6:2, 2:6, 6:1. На овој начин Швјонтек ја заврши сезоната, која е една од најдобрите во 21. век. Швјонтек 2022 ја заврши со скор 67-9 и осум титули, од кои две на Грен слем турнирите.

Сабаленка со оваа победа и се реваншиарше на Швјонтек за поразот во полуфиналето на Ју-ес опен.

Гарсија уште полесно го совлада Сакари. Французинката која игра одлично оваа сезона победи со 6:3, 6:2.

„Нозете ми беа малку тешки, но бев толку возбудена, имаше многу емоции“, изјави 29-годишната Гарсија, која ја забележа седмата победа над тенисерките од Топ 10 оваа сезона.

ВТА финалето во Тексас се игра вечерва од 23 часот. Сабаленка и Гарсија досега играле четири пати, а резултатот е 2-2.

Scroll to Top