Top Sport

Суарез заврши со Насионал, се враќа во Европа

Луис Суарез (37) повторно е слободен играч. Феноменалниот уругвајски напаѓач го напушти својот матичен клуб Национал, во кој се врати во јули оваа година. Со Насионал, Суарез стана шампион на Уругвај. Суарез на 16 натпревари постигна осум гола.

Прославениот центарфор ќе игра на Светското првенство во Катар за Уругвај и потоа ќе одлучи во кој клуб ќе ја продолжи импресивната кариера. На неговото збогување со Национал, тој се расплака и со тоа ја заврши една од најромантичните приказни на модерниот фудбал.

Да потсетиме, Суарез летово по завршувањето на договорот со Атлетико Мадрид се врати во Национал каде ја започна својата одлична кариера. Договорот го потпиша до јануари.

Тој го имаше своето деби за Национал во 2005 година како 18-годишник и веднаш му помогна на клубот да ја освои титулата.

Подоцна играше за Гренинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико. Во кариерата постигна повеќе од 500 гола и освои 19 трофеи. Единствен е кој успеал да ја прекине доминацијата на Меси и Роналдо во борбата за „Златната копачка“, а тоа го направи два пати.

Scroll to Top