Швајцарката Белинда Бенчич го направи најголемото изненадување на САД опен досега, откако со 7:5/6:4 ја совлада актуелната шампионка од Њујорк, Јапонката Наоми Осака за вторпат во кариерата да се пласира во четврт-финалето.
13. носителка Бенчич направи брејк против светската тенисерка број 1 во првиот гем од мечот под затворен покрив на „Артур Еш“, и доминираше на свој сервис (82% освоени поени на прв сервис) во уште еден дождлив ден во Њујорк. 22-годишната Бенчич ја искористи двојната сервис-грешка за 3:2 водство во вториот сет и Јапонката не успеа да се врати во игра.
Бенчич сега има 3-0 скор против 21-годишната Осака, која во третото коло се намачи во три сета со американската тинејџерка Коко Гоф. Следна за Бенчич е хрватската тенисерка, Дона Векиќ, која до својот најдобар скор на еден гренд слем стигна со тешка 6:7(5)/7:5/6:3 победа над Германката Јулија Гергес.