Top Sport

Санкт Петерсбург градеше нова „ледена“ арена, ИИХФ им го одзеде СП во хокеј

Русија нема да биде домаќин на Светското првенство во хокеј на мраз во 2023 година, откако Интернационалната хокеарска федерација (ИИХФ) потврди дека ја одзема организацијата од Санкт Петерсбург по состанокот на советот во Цирих.

„Поради загриженост за безбедноста на сите хокеари, официјални лица, медиуми и фанови, Советот на ИИХФ реши да го повлече правото на Русија за организација на СП во 2023“, се вели во одлуката на ИИХФ.

Федерацијата веќе ги суспендираше сите руски тимови од натпреварувањата поради војната во Украина и го одзеде јуниорското СП од Новосибирск и Омск. Следните домаќини ќе бидат одлучени во Тампере, Финска, каде во мај се оддржува овогодишното СП.

Санкт Петерсбург градеше нова „СКА арена“ со 21.500 седишта за шампионатот.

Scroll to Top