Top Sport

На следниот меч на Мејведер ќе има само 20 гледачи, билет чини над 150.000 долари!

Флојд Мејведер Јуниор, едно од најголемите боксерски имиња во историјата на спортот, уште еднаш го потврди својот прекар „Money“ (Пари) најавувајќи го својот следен меч на 14 мај против Дон Мур, уште еден непоразен фајтер.

Мечот ќе се оддржи на хелипа на врвот на Бурж Ал Араб хотелот во Дубаи, и на него ќе можат да присуствуват само 20 најверни гледачи, кои ќе можат да ги купат своите билети само како НФТ токен (non-fungible token), дигитална вредност која не може да се реплицира. Според „Сан“, половина од 20-те билети веќе се продале за 65 етереум (ethereum), дигитална валута, во против-вредност од околу 150.000 долари.

Мејведер се пензионираше од боксот со совршен 50-0 скор, но продолжи да прави „луди“ пари со два егзибициски меча – го декласираше јапонскиот кик-боксер Теншин Насукава во Токио, заработувајќи 9 милиони долари за три минути во рингот, пред во јуни да влезе во рингот со Јутјуберот Логан Пол во Мајами, за што доби апсолутно неверојатни 65 милиони долари.

Scroll to Top